Третата носителка се повлече од Вимблдон поради повреда

Вимблдон остана без третата носителка на турнирот, а тоа е Арина Сабаленка која се откажа од настап поради повредата на рамото.

Сабаленка беше принудена да се повлече од турнирот, но вети дека ќе се врати на Вимблдон следната година и ќе ја нападне титулата.

„Ми се скрши срцето, морам да се повлечам од турнирот. Направив сè што можам, меѓутоа моето рамо не соработува. Се трудев за да бидам подготвена, но мојот тим ми кажа дека ќе биде само полошо ако пробам да играм“, кажа Сабаленка.