Пандев го промовира првото летно засилување за Брера – напаѓач од Франција!

Екипата на Брера денеска го промовира првото засилување во летниот преоден рок и тоа францускиот фудбалер Џибрил Дианиси, кој има настапувано за повеќе клубови во Франција, Белгија, Холандија, Естонија.

Станува збор за 28-годишен напаѓач, кој минатата сезона настапуваше за белгискиот тим Ла Лувиер. За овој клуб имаше 13 настапи во првиот тим при што постигна три гола. Дианеси потекнува од школата на француски Тулуз од каде што заминува во Холандија, каде, пак, три сезони настапува за Мастрихт и Фотурна. Од овој трансфер е задоволен и претседателот на клубот, легендарниот Горан Пандев.

„Долго преговаравме со овој фудбалер, кој е засилување со кое ги покажуваме нашите амбиции за наредната сезона. Во прашање е играч кој може да покрива повеќе позиции во нападот и очекуваме многу во следната сезона“, изјави Пандев.

Дианеси потекнува од Мали и на новиот тим ќе му се приклучи со стартот на подготовките за новото првенство.

„Чест и задоволство е да играм за клубот кој за претседател го има Горан Пандев. Ќе дадам се од себе за исполнување на амбициите на тимот за новата сезона, бидејки од тоа што го слушнав Брера за наредната сезона ќе атакува на врвот на прволигашката табела“, изјави Дианеси.