Пелистер потврди три нови засилувања во еден ден

Екипата на Пелистер утрово објави дека во тимот пристигнуваат три нови засилувања со кои ќе се обидат да ја исполнат целта во претстојната сезона.

Во Пелистер пристигнуваат Виктор Серафимовски од Силекс, Филип Тодороски од Воска Спорт и Дамјан Масевски од Охрид.

Серафимовски е фудбалер кој зад себе има искуство повеќе прволигашки клубови и пристигнува да го зацврсти средниот ред од тимот. Тодороски од друга страна важи за еден од најталентираните играчи за врска во Македонија, по потреба може да игра и по крилнитеп озиции. Масевски ќе ја засили конкуренцијата во нападот.

Во понеделник тројцата фудбалери ќе бидат официјално претставени и ќе се запознаат со новите соиграчи.