Руд го прегази Болт на почетокот на Вимблдон

Каспер Руд немаше проблеми на првиот натпревар на Вимблдон, откако го прегази квалификантот Алекс Болт со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-4 и 6-4.

Болт даде голем отпор само во првиот сет, каде што Руд во тај-брејк славеше со 7-2, а норвешкиот тенисер ги доби следните два сета со по 6-4.

Руд во следното коло ќе игра против Фабио Фоњини, кој претходно го совлада Ван Аше со 3-0 во сетови.