Нов скандал во Србија: Раководството на ФСС по неуспехот си поделило високи премии

Репрезентативците на Србија Европското првенство го завршија во групната фаза откако завршија како последни во група со Англија, Данска и Словенија.

Сега српските медиуми пишуваат за нов скандал кој го направиле високите функционери во Фудбалскиот сојуз на Србија. Имено, покрај неуспехот тие си поделиле високи премии.

Генералниот секретар Јован Шурбатовиќ и неговите соработници добиле по 100.000 евра, директорот Мирослав Танга 50.000 евра, а финансиската директорка која е десна рака на Шуработивќ 45.000 евра.

Од друга страна фудбалерите се откажале од премиите поради слабиот настап и побарлае парите да бидат исплатени на луѓето кои работат во сенка, но се задолжени играчите да ги имаат сите услови на теренот.

Ова е само последниот во низата скандали кои ја погодија репрезентацијата по разочарувачкиот настап на првенството.

Засега не е познато дали селекторот Драган Стојковиќ-Пикси ќе остане на позицијата или ќе дојде до смена.