Познато кога Ѓоковиќ ќе го почне походот кон осмата титула на Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се врати на терените во рекорден рок и од утре ќе го почне походот кон титулата на Вимблдон.

Седумкратниот освојувач на Вимблдон ќе излезе на теренот против Вит Коприва, а мечот е закажан за 12.30 часот.

Ова ќе биде прв меѓусебен дуел меѓу Ѓоковиќ и 123. тенисер на АТП-листата.