Коментаторот кој ги навреди Србите повеќе нема да коментира натпревари на ЕП

Joшко Јеличиќ, стручниот коментатор на ХРТ повеќе нема да ги коментира натпреварите на Европското првенство.

Коментаторот кој се најде во центарот на вниманието кога на хрватскиот јавен сервис ја навредуваше српската репрезентација објасни дека нема повеќе сила по елиминацијата на Хрватска.

„Откако Закањи ја исфрли Хрватска, ме исфрли и мене. Одлучив дека нема повеќе да ги коментирам натпреварите на ЕП. Немам ниту енергија, ниту емоција повеќе. Секогаш имав максимална поддршка за ХРТ и никогаш не сум имал обид за било што. Ова е исклучиво моја одлука“, изјави Јеличиќ.

Очекува да има реакции по ваквата негова одлука.

„Со оглед на нашиот менталитет ќе има и такви кои ќе бидат остри преку тестатура. Но, тие имаат демографски податоци кои можат да ги проверат. Најмногу бебиња во Хрватска се родени по бурата во 1995 година и по Светското првенство во 2018 година. Момци што сте пред тестатурите, без медали, тешко“, гласеше коментарот на Јеличиќ.