Денвер сфати дека Јокиќ не може сам - сакаат да му „купат“ пеколен шутер од Г. Стејт!

Екипата на Денвер нагетс сезонава не успеа да ја одбрани титулата освоена пред две сезони, најмногу поради фактот што најдобриот светски кошаркар, Никола Јокиќ, немаше соодветна помош од соиграчите, поради што управата на клубот сака летово да му донесе квалитетна помош.

Прв на листата желби на составот од Колорадо е пеколку шутер на Голден стејт вориорс, Клеј Томпсон, зад кого е релативно скромна сезона. „Воините“ поради тоа му понудиле договор кој не ги задоволува неговите апетити, поради што решил да побара алтернатива во случај таа да не биде зголемена. Освен Денвер за неговите услуги е заинтересирана и Филаделфија севентисиксерс.

Томпсон е четирикратен шампион со Г. Стејт, кој го драфтуваше како 11. пик во 2011 година.