Десет дена по НБА финалето, Дончиќ блескаше за Словенија - го наполни кошот на Бразил! (ВИДЕО)

Лука Дончиќ откако го предводеше Далас до финалето во тешката НБА сезона продолжи со одличните настапи во дресот на репрезентацијата на Словенија.

Словенечкиот кошаркар практично без одмор се приклучи на националниот тим во подготовките за квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри. Вечерва Дончиќ настапи во победата над Бразил, натпревар кој се играше во Љубљана.

Словенија славеше победа со 86:80, а Дончиќ мечот го заврши со 32 поени, седум скокови и исто толку асистенции за 31 минута на паркетот. Покрај него се истакна Али Николиќ со 14 поени.

Во редовите на Бразилците најдобар беше Бруно Кабокло со 19 поени и седум скокови. 

Дончиќ квалификацискиот турнир ќе го играат во Пиреја каде што прв ривал ќе им биде Хрватска на 2. јули, додека Бразил ќе игра во Рига и на истиот датум ќе се соочи со Црна Гора.