Белингем е супер фудбалер, ама како човек се покажа ептен – мизерен (ВИДЕО)

Џуд Белингем го постигна израмнувачкиот гол за Англија во петтата минута од судиското надополнување на осминафиналниот меч на ЕП против Словачка (2-1), но потоа се однесуваше како незрело детиште.

Херојот на „Гордиот Албион“ погоди од со ножички и донесе израмнување (1-1), за потоа Хари Кејн на стартот од продолжение да го постигне победничкиот погодок.

По средбата вниманието е насочено кон ѕвездата на Реал Мадрид, но не само поради фантастичната игра туку и поради неспортскиот потег по постигнатиот гол. Тој се сврте кон клупата на Словачка и им го покажал меѓуножјето, најверојатно револтиран од начинот на кој играа во финишот и на кој го задржуваа времето, што секако не го оправдува за тоа што го направи.