Еден од најдобрите стрелци во мак-фудбалот стави крај на кариерата, ќе биде помошник во Пелистер

Еден од најдобрите стрелци во македонскиот фудбал, Борче Маневски ја завршува професионалната кариера и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Влатко Костов во Пелистер.

Маневски кариерата во која во Македонија играше  уште за Победа, Работнички, Вардар и Милано Куманово ја завршува на 38 години. Има зад себе искусниот Маневски и солидна интернационална кариера во Балкани (Косово), Пемброк и Балзан (Малта), Чаинат и Трат (Тајланд), Банат Зрењанин (Србија) и Горник Лехна (Полска),

Во Пелистер ќе ја има улогата на помошник на тренерот Костов.