Арсенал почна преговори со Болоња за Калафиори!

Арсенал се чини дека ќе ја добие битката со Челси за потписот на дефанзивецот Рикардо Калафиори.

Италијанскиот дефанзивец кој има 22 години, но импресионира со својата сигурност, е на добар пат да се пресели во Арсенал.

Тој одговори позитивно на проектот на Арсенал и даде зелено светло да почнат преговорите меѓу двата клуба.

Арсенал и Болоња денеска ги почнале преговорите кои се очекува да завршат со позитивен исход.