Бутел се засили со младински репрезентативец на Египет
Кадах има 20 години и доаѓа од египетскиот Ел Шарсм Спортинг Клуб. Доаѓањето во Македонија ќе му биде прво интернационално искуство.
„Навистина ми е чест што ќе игра за Бутел Скопје и ќе имам свој придонес на ракометната сцена во Македонија. Ова е фантастична можност во мојата кариера, и јас едвај чекам да ги придонесувам во тимот. Со нетрпение очекувам да работам напорно, да учам од моите соиграчи и тренери и да имам позитивно влијание на теренот. Заедно, верувам дека можеме да постигнеме големи работи и да донесеме успех на клубот“, изјави Кадах.
Претходно Бутел се засили со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.