Вардар го потврди заминувањето на Лука Сушњара
Сушњара го напушта Вардар по вкупно 14 одиграни натпревари во кои беше стрелец на три погодоци.
Вардар му се заблагодари на ангажманот и му посака среќа во понатамошниот дел од кариерата.
Инаку, во Вардар кој пред два дена ги стартуваше подготовките за новата сезона во наредниот период се очекува пристигнување на нови засилувања.