Куманово без шанси, Пелистер рутински до нова победа
Битолскиот тим и пред мечот ја имаше фаворитската улога, а ја оправда веќе во првите 15-тина минути. До 3-3 беше израмнето, а потоа следуваше серија од 5-1 на Пелистер за прво посериозно водство. До крајот на полувремето Пелистер ја задржа предноста, на голем одмор се замина со 17-12, а се беше решено во почетната фаза од вториот дел, кога по серијата од 7-1 гостите на +11 (24-13). Во останатиот дел од натпреварот гостите рутински ја задржаа предноста за нова победа.
Кузмановски со девет гола го предводеше тимот на Пелистер, додека Мораис беше најефикасен кај Куманово.