Јокиќ предизвика хаос на меч од АБА лигата во Дубаи (ВИДЕО)
Белградскиот тим направи изненадување и славеше како гостин против Дубаи, а очекувано, во центарот на вниманието беше Јокиќ околу кого се собраа голем број фанови и побараа од српскиот ас да им ги потпише дресовите и другите реквизити. Интересот за него стана толку голем што мораше да реагира обезбедувањето кое не дозволи повеќе да доаѓаат деца во близина на кошаркарот на Денвер.
Покрај Јокиќ, присутни на натпреварот беше и други кошаркари на Денвер, како Дарио Шариќ, Влатко Чанчар и Џамал Мареј, но и поранешниот претседател на Евролига, Жорди Бертомеу.
Видеата со Никола Јокиќ погледнете ги ТУКА.