Чаир славеше, Металург Автокоманда поразен на стартот од Европскиот куп

Македонските претставници во Европскиот куп во женска конкуренција имаа половичен успех во првите натпревариод 1/32-финалната фаза.

Чаир славеше со 26-24 на гостувањето во Луксембург кај Каерјенг и може да се надева на пласман во следниот круг. Долго време нашиот тим се наоѓаше во негатива, во првото полувреме и со пет гола разлика (5-10), но благодарение на подобриот финиш дојде до победата. Одлучи серијата од 4-0 во последните минути за предност која може да донесе мирен реванш и конечна победа.

Дукоска беше најефикасна во екипата на Чаир со 10 гола, но се истакна и голманката Којовиќ која оствару 16 одбрани.

За разлика од Чаур, Металург Автокоманда доживеа убедлив пораз на гости кај турскиот Гереле со 28-36 и ќе има тешка задача да обезбеди пласман во следната фаза. Во првите 15-тина минути од мечот Металург Автокоманда се одржуваше во игра и резултатот беше израмнет (9-9), но потоа Турчинките ја презедоа играта во свои раце и направија висока предност. Највисоката изнесуваше 9 гола (36-27) во финишот од натпреварот.

Најефикасна кај Металург Автокоманда беше Марија Јанкуловски со 9 гола, Миновска постигна 5, а Коцева 4.