Удар за шампионот: Интер остана без еден од најважните за дербито со Рома

Во викендот кој следи во Италија ќе се игра дербито помеѓу Рома и Интер и тоа ќе биде натпревар помеѓу единствените две непоразени екипи во Италија.

За овој натпреварот „нераѕурите“ ќе бидат ослабени бидејќи Хакан Чалханоглу заработил повреда на последниот тренинг. Засега не е потврдено колку точно ќе паузира Чалханоглу кој е еден од најважните фудбалери на Интер, но не се очекува тој да биде спремен за настап за неколку дена.

Исто така под голем знак прашалник е и неговиот настап за репрезнетацијата на Турција во претстојните натпревари од Лигата на Нации.

Дербито помеѓу Рома и Интер е закажано за в сабота од 18:00 часот.