Нејмар пресреќен поради Кутињо: Ако ова е сон, не сакам да се разбудам
Кутињо помина пет години во Ливерпул, пред во јануари 2018 година да премине во Барселона, со која освои две титули шампион на Шпанија.
Нивните периоди во Барселона не се совпаднаа, бидејќи Нејмар го напушти шпанскиот клуб и во август 2017 година се пресели во Пари Сен Жермен. Сантос објави видео од доаѓањето на Кутињо, на кое се гледа како влегува во соблекувалната, каде што го пречекува Нејмар.
„Ако ова е сон, не сакам да се разбудам“, му порача Нејмар на Кутињо во видеото.
Инаку, Кутињо и Нејмар покрај тоа што беа соиграчи во репрезентацијата во минатото на клупски план никогаш немале можност да играат заедно.