Чупиќ има проблем и пред Нант, Лазаревски сигурно нема да игра

Mилан Лазаревски кој не настапи и против Мелсунген во првото коло нема да може да му помогне на Вардар и за утрешниот дуел со Нант.

На денешната прес-конференција тренерот Иван Чупиќ потврди дека македонскиот репрезентативец има проблем со рамото.

„Тренира сам и не е дел од тимот поради проблеми со рамотоо, сигурно нема да игра против Нант“, изјави Чупиќ.

Исто така неизвесен е и настапот на Жоао Педро Да Силва кој е во завршна фаза од рехабилитацијата. Ќе потсетиме, Чупиќ не може да смета и на Митровиќ кој го одработува вториот натпревар суспензија од четирите колку што доби од ЕХФ за инидентот во последниот европски натпревар минатата сезона.