Историски старт во Италија: На 80 натпревари, ниеднаш немаше 0-0
Ова е првпат во историјата на италијанското првенство по првите четири кола да нема ниту еден натпревар кој завршил со резултат 0:0.
Напротив, досегашните натпревари донесоа голем број голови и возбудливи пресврти, па почетокот на сезоната е далеку од стереотипот за дефанзивен и тактички фудбал кој често се поврзува со италијанската Серија А. Интересно е што оваа статистика не се однесува само на најсилната италијанска лига. И во Серија Б по првите 40 натпревари нема регистрирано 0-0, што дополнително го прави стартот на новата сезона необичен.
Доколку трендот продолжи, Серија А би можела да испише уште еден интересен рекорд, но за тоа ќе биде потребно и следните кола да поминат без „најнепопуларниот“ резултат во фудбалот.