Не е ова нејзин период: Сабаленка по поразот во финалето, доби и казна

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е казнета со 7.500 долари поради недолично однесување за време и по финалниот меч на Ју-Ес Опен.

Сабаленка не успеа да ги контролира емоциите во мечот за титулата, во кој беше поразена од претставничката на Казахстан, Елена Рибакина, со 2-1 во сетови (6-4, 5-7, 6-2).

Инцидентите започнаа уште на самиот почеток на дуелот, кога Белорусинката во бес ја испрати топката кон трибините, а нешто подоцна со уште еден неконтролиран удар за малку го промаши камерманот кој се наоѓаше зад основната линија.

Целосен слом следуваше по завршувањето на мечот. Откако седна на клупата, видно фрустрираната Сабаленка во неколку наврати го удри и го искрши рекетот од теренот. Кога камерманот ѝ се приближи за да ја сними нејзината реакција, Белорусинката опцу на англиски јазик и побара да ја остави на мир.

Со овој пораз беше прекината нејзината шампионска серија во Њујорк. Сабаленка го освојуваше турнирот во Њујорк две години по ред, а ова беше нејзиниот прв пораз на последниот грен-слем во сезоната уште од 2023 година.