Циркус во Рома: Јуриќ пред отказ, се враќа - Де Роси!?

И покрај тоа што бележи добри резултати како тренер на Рома, хрватскиот стручњак Иван Јуриќ утре би можел да добие отказ ако не успее да ја победи Монца.

Такво нешто најавуваат италијанските медиуми кои дури тврдат дека се знае и човекот кој ќе го замени.

„На Иван Јуриќ веќе му се заканува отказ во Рома иако на тренерската позиција е само 16 дена, а од четири натпревари, загуби само еден. Ако утре не ја победи Монца, враќање на Даниеле де Роси, отпуштениот пред да дојде Јуриќ, не е исклучено. Раководството на клубот, иако задоволно од победата против Удинезе, загрижено е поради лошата игра против Венеција и особено поради поразот од Елфсборг“, пишува Кориере дело спорт.

Весникот додава дека Рома е во хаос на сите нивоа и се уште не може да најде излез од него.