Комити: Сите да си одите!
Вардар денеска одигра уште еден очаен натпревар, во бледа игра загуби од Струга со 4-1 и повторно ги разочара навивачите. Одбраната беше очајна, нападот немаше идеја како да креира шанси, фудбалерите беа анемични.
Во текот на целото првото полувреме навивачката група Комити со серија скандирања го искажа револтот против фудбалерите и раководството, а сега и на социјалните мрежи излезе со порака со која побараа промени.