Мурињо се препоти, Еспи пак го спаси од тешка бламажа (ВИДЕО)
„Кралевите“ одлично го започнаа натпреварот и поведоа во 26. минута. Арда Ѓулер изведе слободен удар, топката удри во стативата, а потоа се одби од раката на голманот Матиас Дитуро и заврши во мрежата. Само седум минути подоцна Реал Мадрид стигна и до втор погодок. Јан Диоманде испрати одлична топка од десната страна, а Килијан Мбапе со удар од движење погоди за 0-2.
Французинот нешто подоцна повторно ја затресе мрежата, но неговиот втор гол во 41. минута беше поништен поради офсајд. Се чинеше дека тука е крајот на сите надежи на домашниот тим, но Елче не се предаде и во второто полувреме заигра многу подобро. Притисокот на домаќините вроди со плод во 71. минута, кога Абиел Осорио со глава намали на 1:2. Драмата продолжи во 83. минута. Хосан убаво го пронајде Фер Нинјо, кој од движење погоди за 2:2 и целосно го врати Елче во натпреварот.
Кога веќе ѓаволот ја однесе шегата, Мурињо повлече очајнички потег и тој се покажа клучен. Во игра го стави „џокерот“ Еспи, а тој слично како против Еспањол во првото коло, погоди во судиското продолжение и му донесе победа на Реал. На крајот мадридскиот тим се израдува на трите бода со кои се израмни со лидерот Барселона пред големото градско дерби против Атлетико кое е на програмата претстојниот викенд.