Бразилците како без селектор: Сами си избираа кој ќе шутира пенали и го игнорираа Доривал (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил беше елиминирана од Уругвај по изведувањето на пенали, а во овој натпревар беше забележано и срамно однесување на бразилските фудбалери.

Имено, репрезентативците на Бразил во пресрет на пенал серијата се собраа во круг и почнаа да се договораат кои ќе бидат изведувачите, додека селекторот Доривал Жуниор не можеше да дојде до збор.

Доривал беше надвор од кругот и кога се обиде со кревање на рака да ги повика своите фудбалери за да им даде инструкции тие го игнорираа.