Стефан Атанасовски кариерата ја продолжува во Косово

Некогаш младинскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Атанасовски кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Косово.

Атанасовски од редовите на Куманово каде што настапуваше во изминатата сезона се сели во косовскиот шампион Раховец.

Така Атанасовски се приклучува на тимот ккој од клупата го предводи македонскиот стратег Горан Андоновски. Покрај Куманово, Атанасовски претходно во кариерата беше дел од Аеродром, Работнички и Вардар во Македонија, а имаше епизоди и во Катар и Саудиска Арабија.