Еден репрезентативец на Англија одбил да шутира пенал против Швајцарија (ВИДЕО)

Aнглија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство откако вчера ја елиминираше Швајцарија по изведувањето на пенали.

Кол Палмер, Џуд Белингем, Букајо Сака, Иван Тони и Трент Александар Арнолд беа прецизни од белата точка, Џордан Пикфорд го одбрани обидот на Мануел Аканџи, па така „Гордиот Албион“ обезбеди место помеѓу најдобрите четири селекции на турнирот.

Но, еден фудбалер од репрезентацијата на Англија одбил да биде дел од пенал серијата, односно не сакал да шутира.

Ова го откри Трент Александар Арнолд додека разговараше со членови на семејството на трибините.

„Тој не сакаше да шутира“, изговори во еден момент од разговорот Трент.

Сепак, засега не е познато за кој репрезентативец на Англија станува збор.