Ѓоковиќ по три часа игра го скрши Фирнли!

Седумкратниот освојувач на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ по голема борба и три часа игра го совлада 277. тенисер во светот, Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови, односно 6-3, 6-4, 5-7 и 7-5.

Ѓоковиќ во првиот сет трпеливо ја чекаше својата шанса за брејк која се случи во осмиот гем (5-3), по што сервираше успешно за да го освои сетот со 6-3.

Србинот повторно играше добро во вториот сет и не брзаше против Фирнли за да искористи уште една шанса и да го добие сетот со 6-4.

Фирнли, сепак, играше сигурно во третиот сет и успеа да го намачи Србинот, а потоа и да го освои сетот со 7-5. Меѓутоа Ѓоковиќ во следниот му се реваншираше со истиот резултат и обезбеди пласман во третото коло.

Српскиот тенисер во третото коло ќе игра против Андреј Попирин кој славеше со 3-2 во сетови против Томас Ечевери.