Синот на Леброн Џејмс имаше ужасно деби во дресот на ЛА Лејкерс (ВИДЕО)

Брони Џејмс, наследникот на веќе легендарниот кошаркар Леброн Џејмс, ноќеска дебитираше во Летната лига во НБА, што според американските медиуми бил единствениот светол момент за него со оглед што не се прославил на паркетот.

Синот на најдобриот поентер на сите времиња во НБА, кој беше избран од ЛА Лејкерс како 55. пик на неодамнешниот драфт, а постигна само четири поени во ноќешниот пораз на „езерџиите“ од Сакраменто кингс (94-108). брони имаше 2/9 шут од поле, како и два скока и две асистенции, а Лејкерс со него на теренот имаа негатива од 16 поени. Поради сето ова, американските новинари воопшто не го штедат наследникот на „Кралот Џејмс“.

„Ова од една страна е историски момент, бидејќи Леброн и Брони веќе и официјално се првите татко и син кои се активни играчи во НБА. Сепак, приказните за непотизам станаа вообичаени откако за прв тренер беше ангажиран Џеј Џеј Редик, соработникот на Џејмс во неговиот подкаст“, истакнува Фокс њуз.

Скаутите не беа премногу љубезни кон Брони, а еден од нив изјави дека тој „не е перспектива во НБА“. Да, се уште е рано, но сигурно е дека и тој самиот би сакал да шутира подобро од 22,2, отсто од поле. Брони и Лејкерси ќе се вратат на теренот во недела против Голден Стејт Вориорс.