Брутален нокаут: Англиски боксер за 36 секунди го уништи ривалот од Хрватска (ВИДЕО)

Англискиот боксер, Џони Фишер, синоќа само го потврди својот огромен талент, откако лесно го совлада Ален Бабиќ и тоа по само 36 секунди од мечот, со првата вистинска серија на удари.

Хрватот без страв влезе во пресметката и стартуваше во свој стил, па веднаш се обиде да му се приближи што е можно повеќе на противникот. Но, Фишер уште во првата можност со директ го отфрли од себе, а потоа, откако направи неколку чекори наназад, направи серија кроше удари кои го испрати ривалот на подот. Бабиќ се обиде веднаш да стане, но нозете не го слушаа, па судијата процени дека мечот може да заврши со тежок нокаут, па реши веднаш да го прекине.

Ова беше меч во тешка категорија во кој Фишер дојде до 12-тата победа по ред во професионалната кариера, а 11. со нокаут, додека 33-годишниот Хрват го претрпе вториот пораз во вкупно 14. дуел досега.