Гатузо ги сруши големите соништа на навивачите на Хајдук

Eдин Џеко нема да стане нов играч на Хајдук, сега тоа е и дефинитивно јасно по последната изјава која во медиумите ја даде Џенаро Гатузо.

Гатузо по ремито со украинскиот Шахтјор на припремите во Крањ во разговор со новинарите индиректно порача дека не го интересира доведување на Џеко или Ракитиќ.

„Не ме загрижува што се уште немаме нови засилувања. Претседателот и луѓето во клубот знаат дека не сакам играчи кои пишувале фудбалска историја“, изјави Гатузо јасно алудирајќи на најавите за доаѓање на двајцата фудбалски ветерани.

Објасни Италијанецот и какви играчи сака.

„Сакам фудбалери кои се добри за мојот стил на фудбал, функционални и брзи. Кои се спремни да се носат со притисокот од 25-30 илјади луѓе. Чекам двајца крилни напаѓачи, а потоа ќе видиме. Испраќаме понуди, некои од нив бараат премногу пари...се надеваме дека сепак ќе имаме двајца крилни напаѓачи наскоро“, изјави Гатузо.