Трипл-дабл на Дончиќ, Словенија го декласира Нов Зеланд (ВИДЕО)

Кошаркарите на Словенија триумфираа со 104-78 против Нов Зеланд и обезбедија полуфинале на квалификацискиот турнир за Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Дончиќ кој постигна 36 поени, 11 скокови и 10 асистенции, додека на спортивната страна Шеа Или постигна 28 поени и 10 скокови.

Словенија во полуфиналето ќе се соочи против Грција, додека Хрватска ќе игра против Доминиканската Република.