Ново засилување за Струга: Стевковски ќе го брани голот на шампионот

Македонскиот шампион Струга ТЛ се засили со поранешниот голман на Македонија Ѓорче Петров, Христијан Стевковски.

Струга денеска го промовираше Стевковски како најново засилување, откако во изминатите денови ги претстави Стефан Спировски и Кире Ристевски.

Стевковски во прехтодните четири сезони бранеше за Македонија ЃП, каде што пристигна од Скопје.