Македонецот Јован Кировски потпиша за Милан

Поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ соопшти дека бившиот директор на Лос Анџелес Галакси, Јован Кировски ќе се грижи за академијата на Милан, како и „Милан Футуро“ во иднина.

Кировски, чии родители се Македонци, во минатото играше за Борусија Дортмунд, Кристал Палас, Бирмингем, Лос Анџелес Галакси и уште неколку екипи пред да се пензионира.

„Јован ќе биде загрижен за Милан Футуро. Тој играше во многу тимови како професионален фудбалер и има богато искуство. Ќе биде задолжен за трансферите и одговорен за академијата. Ни требаше некој со високи амбиции како нас“, кажа Ибрахимовиќ.