
Милер го одигра последниот меч за Баерн, Германецот по 25 години замина од Минхен!
Милер во Баерн Минхен пристигна во 2000 година, тогаш како член во младинската школа во која беше седум години, а потоа дебитираше во сениорскиот фудбал, во вториот тим на Баерн Минхен.
Во 2008 година за првпат настапи за првиот тим на Баерн. А оттогаш па досега одигра преку 750 натпревари за германската гордост.
Освои 33 трофеи од кои 13 пати Бундеслигата, двапати Лигата на шампионите. Постигна 250 голови, има 276 асистенции.
Томас Милер е вистинска легенда на Баерн Минхен.