Верстапен најбрз во квалификациите, ќе стартува прв на „Силверстоун“!

Холанѓанецот Макс Верстапен ќе стартува прв во трката за Големата награда на Британија откако денеска во квалификациите ја освои пол-позицијата со време од 1:24,892. 

Веднаш до актуелниот шамоион ќе стартува Оскар Пјастри, додека до третата позиција стигна тимскиот колега на Пјастри, Ландо Норис.

Џорџ Расел од Мерцедес ќе тргне како четврти, а зад него ќе следат болидите на Ферари Луис Хамилтон и Шарл Леклер. Во топ 10 место добија уште Оливер Берман, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли.

Tрката на „Силверстоун“ ќе стартува утре во терминот од 16:00 часот.