
Реал ја победи Борусија во меч со неверојатно судиско продолжение! (ВИДЕО)
Шпанскиот гигант поведе уште во 10. минута кога по асистенција на Арда Ѓулер, Гонзало Гарсија даде гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Тоа беше четврти гол за младиот фудбалер на Светското клупско првенство, има и една асистенција.
Десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Фран Гарсија која погоди по асистенција на Трент Александер-Арнолд. Со водство од 2-0 за Реал се отиде на одморот.
Овој резултат беше актуелен долго во второто полувреме и се чинеше дека така и ќе заврши мечот. Но во судиското продолжение се случи вистинско лудило.
Најпрво Бејер во 93. минута постигна гол за Борусија и намали на 2-1, а во наредната минута Мбапе постигна убав гол за предност на Реал Мадрид од 3-1.
Но, тоа не беше се, во 97. минута Хујсен направи фаул за пенал и доби црвен картон, Гираси го реализираше ударот од белата точка за конечни 3-2.
Пред последниот судиски свиреж Борусија Дортмунд имаше уште една голема шанса, можеше да израмни, но Куртоа фантастично интервенираше по што судијата свирна крај.
Пех за Реал Мадрид во полуфиналето ќе биде неиграњето на Хујсен кој досега беше стандарден во дефанзивата на Реал Мадрид.
Во полуфиналето ќе играат можеби двата најдобри клуба на натпреварувањето, Реал Мадрид и ПСЖ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Флуминенсе и Челси.