Иднината на Конте во Наполи е важна за Елмас!
Наполи нема да ја одбрани титулата во Серија А, а потфрли и во Лигата на шампионите. Сепак раководството на наполитанците е задоволно од работата на Конте.
„Заедно со Конте работиме и планираме. Работата која ја направивме е исклучително позитивна. Смирени сме и гледаме кон иднината“, рече Џовани Мана.
Останувањето на Конте во Наполи е многу важно за Елиф Елмас. Италијанскиот стратег го испофали македонскиот фудбалер до степен што рече дека треба да му се изгради споменик.
Конте инсистира Наполи да го задржи Елмас со тоа што целосно ќе го откупи неговиот договор.