Вардар утре ги „пали моторите“ - ќе почне со тренинзи во Хиподром!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од утре официјално ќе ги почне подготовките за сезоната 2024/25 во Првата лига.

Откако вчера беше постигнат договор со новиот сопственик, „Комити“ денеска информираа дека првиот тренинг на „црвено-црните“ ќе се одржи во Хиподром во 17 часот на 5 јули.

Фудбалерите на македонскиот прволигаш ќе имаат поддршка и од најверната навивачка група „Комити“ за време на тренингот.

„Најавуваме присуство на тренингот и ги повикуваме сите навивачи и симпатизери, да присуствуваат и заедно да испратиме јасна порака: ВАРДАР ЌЕ ЖИВЕЕ! Приказната за клубот на народот продолжува. Затоа утре - СИТЕ НА ТРЕНИНГ“, информираат „Комити“.