Скандал: Бивш селектор на Македонија бараше од своите кошаркари да постигнат автокош! (ВИДЕО)

Грузија славеше со 96-94 против Филипини во мечот од квалификациите за Олимписките игри (ОИ), меѓутоа остана без пласман на големото натпреварување.

Во завршницата на дуелот се случил вистински скандал за кој пишуваат српските медиуми, а во главна улога бил селекторот Александар Џикиќ, кој во минатото ја предводеше и Македонија.

Џикиќ барал од своите кошаркари да си постигнат автокош за да изборат продолженија, но еден од грузиските репрезентативци имаше неуспешен обид.

Причина за потегот била кош-разликата, односно Грузија требаше да победи со најмалку 19 поени разлика за да се пласира во нокаут-фазата.