Холандија со пресврт во шест минути закажа полуфинале со Англија (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Холандија е последниот полуфиналист на Европското првенство откако вечерва со пресврт ја совлада Турција со 2:1.
 

Холандија влезе како фаворит во натпреварот, но Турција одлично изгледаше на теренот. Добрата игра на Турција се исплатеше во 35. минута кога замената за Мерих Демирал, Акајдин се запиша во листата на стрелци по нафрлувањето од Арда Ѓулер.

Замина Турција со предност и на паузата, а Холандија во вториот дел тргна по пресврт. Голот за изедначување беше дело на уште еден дефанзивец. Депај го пронајде Де Фрај во шеснаесетникот кој со глава релизираше за 1:1 на 20 минути до крајот.

Ги искористи Холандија добрите минути, па во 76 минута преку Гакпо кој го постигна четвртиот гол на првенството дојде и до целосен пресврт.

Турција во финишот создаде две големи прилики, меѓутоа реализацијата изостана, па Холандија обезбеди полуфинале во кое ќе игра против Англија.