Пешиќ нема намера пак да ја води српската репрезентација: Нов претседател - нов селектор
Неговиот договор истече на 30 септември и извесно е дека во квалификациите за Европското првенство, во ноемврискиот прозорец на ФИБА, светскиот вицешампион ќе биде со нов предводник.
„На Човиќ веќе му реков: нов претседател, нов тим, нови потпретседатели, нов селектор, почеток на нов олимписки циллус... се ново. Не бегам од тоа да му помогнам на Човиќ и на новиот тренер колку што е потребно. Имам некои други планови во животот, сакам да правам нешто друго. Немам 57, туку 75 години, не чувствувам апсолутно никаква одговорност кон никого“, рече Пешиќ.
Тој беше селектор од 2021 година и во својот втор мандат освои сребро на Светското првенство и бронза на Олимписките игри.