Кошмарот на Погба заврши, но сега Јувентус не го сака

Францускиот репрезентативец Пол Погба вчера доби редукција на суспензијата од четири години на 18 месеци и во март ќе може да се врати на фудбалските терени.

Тој се уште е фудбалер на Јувентус кој не му го раскина договорот кога изби скандалот, но се поставува прашањето дали торинскиот гигант сега го сака во своите редови. Во меѓувреме во Јувентус дојде до тренерска смена и новиот шеф Тијаго Мота не го гледа Погба како дел од својот тим.

Од тие причини, како што тврдат италијанските медиуми, не е исклучено Јувентус да ја прекине соработката со Погба, а иако тој може да заигра во март, нема да биде чудно ако остане, воопшто да не заигра до крајот на сезоната. Договорот со Јувентус му е до 2026 година, но минимални се шансите да го одработи до крајот.

Како можна дестинација за Погба се спомнува Саудиска Арабија од каде има богати понуди и би бил голема ѕвезда. Има интерес и од Катар и САД, но до јануари, кога почнува преодниот рок, ќе има појасна слика дали Јувентус сака да го задржи и каде, евентуално, би заминал.