Екс-фудбалерот на Баерн нов селектор на У21 репрезентацијата на Хрватска

Ивица Олиќ стана селектор на У21 репрезентацијата на Хрватска, објави Фудбалскиот сојуз.

Легендарниот фудбалер како помошник на Златко Далиќ учествуваше во сребрениот медал на Светското првенство во Русија, бронзата во Катар и среброто во Лигата на Нации.

Во тренерската кариера исто така ја водеше и ЦСКА Москва.

Први предизвици за Олиќ на селекторската позиција ќе бидат натпреварите од квалификациите за Европското првенство во 2025 година кое се игра во Словачка.

Најголем дел од играчката кариера Олиќ помина во Германија каде што играше за Хамбургер, Баерн Минхен, Волфсбург, Минхен 1860 и Херта. Од останатите клубови беше дел од Марсониа, Загреб, Динамо Загреб и ЦСКА Москва.