Де Лихт за 50 милиони евра се сели во Премиерлигата

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијас Де Лихт по две сезони си заминува од поранешниот германски шампион, а како негова следна дестинација се споменува Манчестер јунајтед.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека „црвените ѓаволи“ се договориле со Де Лихт за трансфер, па сега следат преговори меѓу двете екипи кои треба да најдат заеднички јазик.

„Ѓаволите“ се очекува да го комплетираат трансферот во следниот период, но за услугите на дефанзивецот ќе треба да исплатат 50 милиони евра.