Бодирога доби нов мандат на чело на Евролигата

На состанокот на акционерите на Евролигата беа донесени неколку важни одлуки, меѓу кои и продолжување на мандатот на претседателот Дејан Бодирога на уште четири години.

Акционерите решија да го продолжат мандатот за уште четири години и на извршниот директор Паулиус Мотијејунас, а беа донесени и други одлуки меѓу кои правилата на натпреварувањето, списокот на учесници и календарот.

Даниел Херазуело исто така го презентираше извештајот за минатата сезона.