Аргентинецот Лука Вилдоза има нов клуб

Aргентинскиот кошаркар Лука Вилдоза е нов играч на Олимпијакос, објави денес клубот од Пиреа.

Вилдоза со Олимпијакос потпиша договор на две години откако вчера го раскина договорот со Панатинаикос.

Во изминатата сезона Аргентинецот имаше 5.7 поени и 1.5 асистенции по натпревар, а успеа да ја освои и Евролигата. Сезоната претходно ја помина во редовите на Црвена Звезда каде што играше одлично со просек од 12.6 поени. 3.9 скокови и 1.4 украдени топки по натпревар.

Вилдоза во кариерата играше уште за Килмес, Басконија и Милвоки.