Рубљов имаше нервен слом, па загуби од дебитант на Вимблдон! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Андреј Рубљов доживеа неочекувана елиминиација од Вимблдон во првото коло, откако загуби со 4-6, 7-5, 2-6 и 6-7 од дебитантот на турнирот Франсиско Комесана.

Рубљов го загуби првиот сет со 4-6, по што возврати во следниот и славеше со 7-5, па сите очекуваа Русинот да ја преземе контролата.

Аргентинецот, сепак, изненади во продолжение од средбата и го декласира Русинот во третиот сет (6-2), по што водеше голема битка во четвртиот сет каде што беше подобар во тај-брејк со 7-5.

Мечот го одбележа и нервниот слом на Рубљов во третиот сет, кога почна да го удира рекетот од својата нога.