Пандев промовира ново засилување: Швајц потпиша за струмичка Брера!

По вчерашната промоција на францускиот интернационалец, Џибрил Дианиси, првиот човек на струмичкиот прволигаш Брера, Горан Пандев, денеска го обелодени и второто засилување за овој клуб во летниот преоден рок.

Станува збор за крилниот фудбалер Марјан Ристовски (27 години), кој од почетокот на подготовките за новата сезона ќе му се стави на располагање на тренерот Бојан Круљ. Тој потекнува од Гевгелија а во Струмица доаѓа од Вардар, каде што во минатото првенство одигра 29 натпревари постигнувајќи три гола и имаше седум асистенции. Ристовски претходно има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

„Среќен сум што ќе бидам дел од Брера и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него“, изјави Ристовски.

Стартот на подготовките за следанта сезона е закажан кон крајот на месецов, а претходно освен Дианиси во Струмица дојде иискусниот напаѓач Каланоски.